ПОСЛЕДЕН КВАЛИФИКАЦИСКИ ДУЕЛ ЗА СП 2018

И со победа, Македонија ќе биде претпоследна

После историското реми во Италија, нормално е да очекува сигурна победа во Струмица, а главниот напаѓач во нашиот национален тим, Илија Несторовски, е убеден дека Македонија веќе има тим кој може да забележи далеку подобри резултати во следниот квалификациски циклус за ЕП 2020

Фудбалската репрезентација на Македонија денеска ќе го одигра последниот квалификациски дуел за престојниот Мундијал во Русија.

Избраниците на Игор Ангеловски ќе се обидат да ја искористат предноста на домашниот терен во дуелот против селекцијата на Лихтенштај, но и со победа над најслабо пласираната репрезентација во групата "Г", Македонија овој квалификациски циклус ќе го заврши како препоследна.

После историското реми во Италија, нормално е да очекува сигурна победа во Струмица, а главниот напаѓач во нашиот национален тим, Илија Несторовски, е убеден дека Македонија веќе има тим кој може да забележи далеку подобри резултати во следниот квалификациски циклус за ЕП 2020.

Ех, да не загубевме неколку бодови несреќно во овој циклус кај ќе ни беше крајот. Навистина одигравме квалитетно на сите натпревари во овие квалификации. Заслуживме многу повеќе бодови, но сето ова е најава за една вистински конкурентна селекција во следниот циклус, изјави бомбардерот на италијанскиот второлигаш Палермо.

За непотребно загубените бодови жали и офанзивниот бек на португалскиот гигант Спортинг од Лисабон, Стефан Ристовски, кој призна дека очекува сигурен триум во последниот квалификациски дуел.

Ако можеме да ремизираме против Италија на гости, сигурно дека сме подготвени и за поголеми дострели во иднина. Овој циклус завршува со следниот меч против Лихтенштајн, на кој очекуваме сигурна победа, но ако погледнеме наназад, ни побегнаа уште неколку бода во последните моменти од натпреварите. Секогаш една слика носи нашата игра, а сепак - друга, кога ќе ги погледнеме освоените бодови. Во иднина сакаме и тоа да го исправиме, и зошто да не се надеваме на нешто поголемо, кога веќе покажавме дека можеме рамноправно да се носиме и со најсилните селекции, изјави Ристовски.

Квалификацискиот дуел помеѓу репрезентациите на Македонија и Лихтенштајн, стартува во 20:45 часот.

Денеска на програмата: Македонија – Лихтенштајн, Албанија - Италија, Израел - Шпанија. Табела: Шпанија 25, Италија 20, Албанија 13, Израел 12, Македонија 8, Лихтенштајн 0 бодови.

Поврзани

Најнови вести

Коментари