Поради најновите мерки во Македонија, и ракометните мечеви, барем тие што ќе се играат утре и задутре, ќе стартуваат порано. Значи поради полицискиот час кој почнува во 20 часот, натпреварите ќе се играат порано од предвиденото.

Па така утрешните дуели од 4.коло во суперлигашкиот плеј – оф, Охрид – Металург и Е. Пелистер – Пролет, место во 17 часот ќе започнат во 15 часот. Додека натпреварот Струга – Е. Пелистер 2, кој е закажан за во четврток, ќе започне во 14 часот.

Ако се знае дека мерките кои го донеса властите ќе потраат барем две недели, се очекува и наредните натпревари во овој период да започнуваат порано.

sportmedia.mk