logo
logo
logo

И Радески, Јанков, Аврамовски и Хасани на списокот на Мрме за мартовскиот циклус!

Vecer | 09.03.2021

И Радески, Јанков, Аврамовски и Хасани на списокот на Мрме за мартовскиот циклус!

Како што дознава СПОРТМЕДИА, селекторот на нашата најдобра репрезентација Игор Ангеловски за мартовскиот квалификациски циклус ќе повика вкупно 26 играчи. Нови имиња, за разлика од последниот повик, ќе бидат Марјан Радески (А. Пандев), Ристе Јанков (Работнички), Даниел Аврамовски (Кајзериспор) и Ферхан Хасани (Партизани Тирана).

Радески, Аврамовски и Хасани се повратници во репрезентацијата а Јанков ќе добие повик како четврти голман, и тоа по феноменалните одбрани во дресот на Работнички оваа пролетна полусезона.

Инаку официјално Ангеловски конечниот список треба допрва да го објави за дуелите со Романија (25.03) Лихтенштајн (28.03) и Германија (31.03)


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk