logo
logo
logo

И Осасуна во полуфиналето во Купот на Кралот!

Vecer | 26.01.2023

И Осасуна во полуфиналето во Купот на Кралот!

Во интересен меч, Осасуна успеа да ја победи Севилја во меч од четвртфиналето во Купот на Кралот со 2:1, и тоа по продолженијата, и да се пласира во полуфиналето.

Домашните поведоа со голот на Авила во 71.минута, и така беше се до судиското продолжение. Осасуна имаше два зицери за 2:0, но сепак не ги искористи. Пота стигна казната и тоа во 90+5.минута,  кога Ен Несири успеа да постигне гол за 1:1, по што се замина во продолженија.

А таму во 99.минута Езалзоули постигна гол за 2:1 за Осасуна, гол кој се покажа како решавачки за победа.

Со ова Осасуна е вториот полуфиналист во ова натпреварување, покрај Барселона која вечерва славеше против Сосиедад.

Утре вечер се играат останатите два меча од четвртфиналето. Се среќаваат Атлетико Мадрид – Реал Мадрид и Валенсија – Билбао.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk