logo
logo
logo

И официјално: Македонија на ФИФА листата и натаму е на 65. место!

Vecer | 18.02.2021

И официјално: Македонија на ФИФА листата и натаму е на 65. место!

Она што проекциите го најавуваа во изминатите неколку денови, од денеска е и официјално. Нашата најдобра фудбалска репрезентација и натаму е на 65. место на ФИФА листата, ова е за месец февруари. Сосема очекувано не одиме ни горе ни долу, очекувано ако се знае дека во изминатите неколку месеци, освен африканскиот куп, немаше репрезентативни активности низ светот.

За разлика од последниот ранкинг има мали поместувања само за некои селекции од “црниот континент“, се останато е исто.

Па така Македонија веќе неколку месеци е на тоа 65. место. Очекуваме на мартовската листа да има поместувања, ако се знае дека следниот месец стартуваат квалификациите за СП во Катар 2022 година.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk