logo
logo
logo

И официјално: Короната го одложи најголемото дерби во Хрватска!

Vecer | 15.02.2021

И официјално: Короната го одложи најголемото дерби во Хрватска!

Ковид -19 “влезе“ и тоа како во редовите на Хајдук. Сплитските “били“ имаат голем број позитивни, дури 12, па така откако и официјално побараа од ХНС да се одложи дербито со Хајдук, кое требаше да се игра во недела (21 февруари), барањето им беше прифатено. Тоа значи дека наредниот викенд најголемото дерби во Хрватска нема да се игра. Новиот термин дополнително ќе биде закажан.

Интересно е тоа што ако се играше во недела, за Динамо Загреб немаше право а настап нашиот репрезентативец Стефан Ристовски кој во саботата, на мечот со Осијек доби црвен картон.

Затоа пак имаа право на настап Атанасов (Хајдук) и Адеми (Динамо).

Во зависност од тоа кога ќе се игра, веројатно десниот бек на нашата репрезентација би можел сепак да настапи против “билите“.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk