logo
logo
logo

И Нејмар донесе одлука за ПСЖ

Vecer | 14.04.2021

И Нејмар донесе одлука за ПСЖ

Првиот човек на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи по пласманот во полуфиналето во Лигата на шампионите отворено зборуваше за Нејмар и Мбапе, и можноста да го продолжи договорите.

И Бразилецот се огласи на оваа тема, за ЕСПН порача:

„Нема потреба повеќе да се зборува за тоа дали ќе го продолжам договорот. Се чувствувам добро тука, ПСЖ е како мој дома и многу сум посреќен од претходно“, рече Нејмар.

Бразилската ѕвезда наскоро ќе потпише нов договор со важност до 2026 година.

Нејмар во ПСЖ дојде во 2017 година од Барселона за рекордни 222 милиони евра.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk