logo
logo
logo

И натаму паѓа цената на Барди на Трансфермаркт, сега Елмас е најскапиот наш фудбалер!

Vecer | 26.03.2021

И натаму паѓа цената на Барди на Трансфермаркт, сега Елмас е најскапиот наш фудбалер!

 

На Енис Барди, фудбалерот на Леванте и еден од нашите најдобри фудбалери, и натаму му паѓа цената на Трансфермаркт. Звучи чудно, но така е. Ако во летото супер Барди вредеше, според реномираниот сајт, цели 20 милиони евра и беше најскапиот наш играч во историјата според Трансфермаркт, неговата цена на почетокот на оваа година падна прво на 18 милиони. Па така со Елиф Елмас, кој веќе подолго време е “зацементиран“ на тие 18 милиони, заедно го држеше првото место на најскапи наши играчи. Потоа цената Барди, од 19 март, падна на 15 милиони, тоа значи дека Дијамантот на Наполи, сега е сам на чело на листата.

На овој пад секако дека свое влијание  има и повредата на супер Барди која го одалечи речиси три месеци надвор од терените. Не се сомневаме дека одличниот наш играч за врска брзо ќе се врати на тие 20 милиони евра, ако не и повеќе.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk