logo
logo
logo

„И на жена ми НЕ И БЕВ ПРВ ИЗБОР, па сме ЗАЕДНО 20 ГОДИНИ“ (ВИДЕО)

Vecer | 10.11.2022

„И на жена ми НЕ И БЕВ ПРВ ИЗБОР, па сме ЗАЕДНО 20 ГОДИНИ“ (ВИДЕО)

Тренерот на Бруклин, Жак Вон, дебитираше како официјален тренер на тимот на клупата на Нетс во победата над Њујорк Никс од 112:85.

Вон беше именуван за нов тренер на Бруклин по заминувањето на Стив Неш, а во минатото ја извршуваше функцијата привремено и не ја добиваше редовно, секогаш се наоѓаше друга опција за прв тренер.

„И кажав на жена ми, можеби не бев нејзиниот прв избор. Заедно сме 20 години, па сè излезе како што треба", рече Вон и ги насмеа насобраните членови на медиумите.

„Минатата недела стана очигледно дека не мораме да бараме тренер надвор од Бруклин“, рече Шон Маркс генерален менаџер на тимот.

Полн со пофалби за Вон е и првата ѕвезда на тимот, Кевин Дурант.

„Знам колку напорно работи секој ден и колку се грижи за развојот на секој играч. Едвај чекам да играм за него", изјави Дурант, кој против Никс стана првиот играч по Мајкл Џордан кој постигнал најмалку 25 поени на сите 12 натпревари од почетокот на сезоната.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk