logo
logo
logo

И Лапорта веќе не верува дека може да го врати Меси во Барселона

Vecer | 05.06.2023

И Лапорта веќе не верува дека може да го врати Меси во Барселона

Во Барселона се помалку веруваат дека е можно Лионел Меси да се врати во Каталонија. Аргентинската икона викендов ја заврши својата кариера во ПСЖ и потврди дека го напушта клубот, но и покрај сите најави дека може да се врати во Барселона, реализацијата на трансферот изгледа се поневеројатна.

Претседателот на Барселона, Лапорта, кој беше најгласен во најавите дека ќе го вратат Меси дома, се полека ретерира. Како што пишуваат каталонските весници, лошата финансиска кондиција на Барселона, не им дава можност да го вратат Меси во тимот.

„Ќе видиме“, изјави Лапорта за каталонски „Спорт“, додека уживаше во прославата на втората титула на женскиот тим на Барселона во Лигата на шампионите.

“Тешко е. Правиме се што можеме, но не знам дали ќе биде доволно“, дополнил Лапорта.

Меси сака брзо да го заврши прашањето околу новиот клуб и затоа не може да ја чека Барселона да ја среди финансиската состојба со продажба на играчи. Интер Мајами веќе има понуда, додека Ал Хилал од Саудиска Арабија му даде гигантска понуда за трансфер за која чека итен одговор.

Менаџерот на Барселона, Чави Ернандез, изјави дека 99% од работите зависат само од Меси.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk