logo
logo
logo

И името на “Императорот“ на патеката на славните на Маракана!

Vecer | 04.05.2021

И името на “Императорот“ на патеката на славните на Маракана!

Бразилециот Адриано додека играше за Интер, секако и за репрезентацијата на кариоките важеше за еден од најдобрите фудбалери во светот. Со својата техника, но пред се и сила, просто ги воодушевуваше фудбалските фанови. Една фантастична кариера беше прекината по смртта на неговиот татко. Адриано падна во депресија, долго време го немаше во фудбалскиот свет, но и кога се врати и тоа во дресот на Рома, беше само бледа сенка. Имаше проблеми со алхохолот и некои други пороци и мораше предвреме да ја заврши својата кариера.

Сепак тој не е заборавен од страна на Бразилците. Ја доби веста која ја чекаше целиот свој живот. Имено неговото име ќе се најде на патеката на славните на Маракана во Рио де Жанеиро. Нешто што досега во историјата на фудбалот во Бразил го имаат само Пеле, Гаринча, Зико, Сократес, Ромарио, Роналдо, Роналдињо, Нејмар и Марта.

Навистина одбрано друштво.

Самата церемонија малку ќе почека, додека се вратат фудбалските фанови на стадионите.

Така и треба, преполна Маракана треба да го сочека “Императорот“.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk