logo
logo
logo

И Астон Мартин го престави фаворитот за новата сезона (ФОТО)

Vecer | 03.03.2021

И Астон Мартин го престави фаворитот за новата сезона (ФОТО)

Британскиот Формула 1 тим Астон Мартин го претстави болидот АМР21 за новата сезона во шампионатот. Неговата официјална презентација се одржа денес. Болидот доби претежно зелена металик боја, и е сосема различен од онаа розева нота која преовладуваше кај болидот кој го имаше претходникот на Астон Мартин, болидот на Расинг Поинт минатата сезона.

Заедно со ребрендирањето на тимот, дојде и до делумна промена на пилотите. На местото на Серхио Перез ќе вози четирикратниот светски шампион Себастијан Фетел, а второто место останува резервирано за Ленс Строл.

Астон Мартин стана седмиот тим кој го престави болидот за новата сезона.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk