logo
logo
logo

Хусијос и Бол со златните медали на 400 метри на ЕП во сала

Vecer | 06.03.2021

Хусијос и Бол со златните медали на 400 метри на ЕП во сала

Европската младинска шампионка на 400 метри Фемке Бол стигна и до континенталната титула во сениорска конкуренција во истата дисциплина на европското атлетско првенство во сала што се одржува во Торун. Таа триумфираше со време 50.63 секунди што е најдобар резултат во Европа сезонава.

Европската шампионка на 400 метри од Берлин 2018 и надежта на домаќините за медал Жустина Свиети-Ерсетик го освои сребрениот медал.Британката Џоди Вилијамс се закити со бронзата.

Во машка конкуренција Шпанецот Оскар Хусијос ја освои европската титула на 400 метри. „Сребрениот“ од ЕП во Глазгов пред две години стигна до успехот со личен рекорд за сезоната од 46.22 секунди. Второто место му припадна на Тони ван Диепен од Холандија, а брозата отиде кај другиот Холанѓанец Лимарвин Боневациа.

А на 60 метри најдобар беше Италијанецот Ламонт Марсел Јакобс кој со време 6.47 секунди постави национален рекорд.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk