НЕ ДОМИНИРА САМО ВО ДРЕСОТ НА РБ САЛЦБУРГ

Хрватскиот Пике даде гол и кај Адриана

Освен што има многу слични црти со сопругата на Матео Ковачиќ, Адриана има и совршено тело. Дује Чалета-Цар и пет години постарата адвокатка, веќе подолго време се во љубовна врска

Адриана Џурџевиќ, згодната девојка на хрватскиот интернационалец Дује Чалета-Цар, повторно ги израдува своите фанови кои редовно ја следат на сите социјални мрежи.

Прекрасната 25-годишна девојка, која е родена во Дубровник, постираше неколку нови фотографии на својот Инстаграм провил. Под фотографијата, на која во прв план е краткиот фустан во златна боја, доминираат коментарите дека Адриана е двојничка на поубавата половина и сопруга на хрватскиот интернационалец од редовите на актуелниот европски клупски шампион, тимот на Реал (М), Матео Ковачиќ, Изабела Ковачиќ.

Освен што има многу слични црти со сопругата на Матео Ковачиќ, Адриана има и совршено тело. Дује Чалета-Цар и пет години постарата адвокатка, веќе подолго време се во љубовна врска.

Стандардниот првотимец во дресот на австрискиот гигант Ред Бул Салцбург е познат и како "Хрватски Пике", а неговата понежна половина се почесто престојува во Австрија каде во живо ги следи натпреварите на централниот дефанзивец.

Поврзани

Најнови вести

Коментари