logo
logo
logo

Хрватска во рацете на Франција, Шведска преку Словенија до Токио

Vecer | 14.03.2021

Хрватска во рацете на Франција, Шведска преку Словенија до Токио

Хрватска ја совлада репрезентацијата на Тунис со 30-27 и остана во игра за место на Летните олимписките игри во Токио. Пласманот до таму ќе зависи од Франција, која ќе треба да ја совлада Португалија.

Давид Мандиќ со девет гола и Златко Хорват со седум гола ги предводеа „коцкестите“ до вториот триумф во квалификациите за ЛОИ.

Дуелот меѓу Франција и Португалија се игра со почеток во 21 часот.

Словенија не успеа да се најде меѓу патниците за Токио. Шведска одигра сигурен натпревар, славеше со 32-25 и го освои првото место во групата 3, каде претходно Германија на сметка на Алжир заврши работа.

Екберг со седум гола ги предводеше Швеѓаните, Паличка имаше 14 интервенции, на другата страна Маргуч, Бомбач и Јанц запишаа по пет гола.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk