logo
logo
logo

Хрватска: Тренер избркан со СМС порака

Vecer | 23.03.2021

Хрватска: Тренер избркан со СМС порака

Хрватскиот клуб Шибеник му врачил отказ на својот тренер Крунислав Рендулиќ неколку дена после минималниот пораз од Хајдук во Сплит.

Шибеник оваа година е во лоша форма, испадна од Купот, а до неодамна беше вистинска сензација, откако успеа да ги победи Динамо, Хајдук и Ријека.

Интересно е тоа што овој тренер добил отказ преку СМС порака пред утринскиот тренинг.

„Тоа е фудбал и легитимно право на сопственикот на клубот. Но, сметам дека направив многу за клубот. Се вративме во Прва лига, добро стоиме на табела, и покрај кризата. Ги добивме и Хајдук и Динамо на гости. Сега одам дома да одморам“, истакнал Рендулиќ.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk