logo
logo
logo

Хрватска падна во пет сета за финале во Сребрената лига

Vecer | 05.06.2021

Хрватска падна во пет сета за финале во Сребрената лига

Во тежок и исцрпуваки меч, Македонија ја победи Хрватска со 3:2 (15-25, 25-19, 25-22, 21-25, 15-12)  и обезбеди финале на Ф4 турнирот од Европската Сребрена лига. Пред околу 500 навивачи во салата „Парк“, „црвено-жолтите“ успеаја да ја совладаат силната Хрватска, која како и ние, е учесник на ЕП оваа есен.

Хрватска многу подобро го отвори мечот. Додека ние успеавме да се консолидираме, „коцкестите“ веќе имаа одличен капитал (16:9), што само по себе им донесе лесно освојување на првиот сет.

Во вториот сет видовме голема борба. Хрватите почнаа во ист стил и поведоа со 8:5. До средината на сетот, ние успеавме да направиме целосен пресврт, па и да дојдеме до два поени предност за 16:14. Во финалето на сетот влеговме со плус 5 (21:16), по што Хрватска веќе немаше одговор и ние со 25:19 дојдовме до израмнување на 1-1 во сетови.

Третиот сет понуди исто така неизвесна завршница. Во последните поени влеговме со минимална предност 21:20, но успеавме да врземе неколку поени во низа и на крајот да поведеме со 25:22 за 2-1.

Кога требаше да го зададеме финалниот удар, се повреди Владо Милев. Тој не можеше да гопродолжи мечот, а Хрватска знаеше да ја искористи секоја наша грешка и прилично лесто да дојде до израмнување на 2-2.

„Коцкестите“ подобро го отворија и одлучувачкиот тај-брејк сет. Тргнаа со водство од 6:3 на првиот тајм-аут за нашиот селектор. Одморот ни годеше, па во серија се враќаме за израмнување на 7:7.  Серијата ја продолживме и по тајм-аутот на Хрватска за фантастични 10:7 и најава дека финалето е многу близу. Хравтска успеа да намали на само минус еден (10:9, 11:10), но ние се враќаме на плус три со 14:11. Гостите успеаја да ја одбранат првата меч топка, но потоа направија сервис грешка и со 15:12 Македонија обезбеди финале.

Никола Ѓорѓиев реализираше 25 поени, додека Љафтов имаше 16. Кај Хрватска со по 20 поени најдобри беа Седлачек и Митрашиновиќ.

фото: CEV.eu


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk