Хрват им објасни на Англичаните зошто Ливерпул загуби во Белград

Фудбалерот на Челси, Матео Ковачиќ изјави пред натпреварот на својата екипа против БАТЕ Борисов, дека на „сините" не смее да „им се случи Ливерпул".

Тимот од Мерсисајд во вторникот вечерта беше поразен во Белград со 2:0 од Црвена звезда, иако многумина, па и навивачите на домашниот клуб сметаа дека тоа е невозможна мисија.

Ковачиќ поради резултатот на белградскиот натпревар повика на на трезвеност на својата екипа.

Го гледав натпреварот во вторникот и Ливерпул се изнамачи. Во Белград атмосферата е пеколна, тешко е да се игра таму и така ќе биде и тука. Во овие натпревари морате максимално да бидете концентрирани или ќе изгубите. Мораме да бидеме подготвени она што им се случи на Ливерпул да не ни се случи на нас, изјави Ковачиќ, пренесуваат англиските медиуми.

БАТЕ Борисов го дочекува Челси вечерва во четвртото коло од групната фаза во групата Л од Лига Европа. Челси е прв со девет бодови, а четврти се БАТЕ со три бода.

Поврзани

Најнови вести

Коментари