logo
logo
logo

Хорват се враќа, но Металург повторно некомплетен!

Vecer | 02.03.2021

Хорват се враќа, но Металург повторно некомплетен!

Металург вечерва (18:45 часот) во СЦ „Борис Трајковски“ го пречекува Адамер Леон во последниот меч од Европската лига. Македонскиот тим и на оваа средба ќе настапи некомплетен. Тренерот Оливер Димитриоски на располагање ќе ги нема Велко Маркоски и Теодор Тодески, но по долго време се враќа Златко Хорват.

По девет кола тимот од Автокоманда има една службена победа, реми и седум порази, се наоѓа на последното место на табелата во групата А.

Составите на двете екипи:

Металург: Дупјачанец, Ѓорѓески, Петковски, Поповиќ, Кофилоски, Шилегов, Хорват, Калуѓеровиќ, Серафимов, Лазаревски, Тарабокија, Митиќ, Рниќ и Додиќ.

Адемар Леон: Фојхтман, Суарез, Мартинез Гарсија, Донлин, Гостовац, Гутиерез, Славиќ, Фернандез, Перез, Мартинез, Семедо, Пиечовски, Киселев и Кристобалена.

.

Судии на средбата ќе бидат Ештреф Бечири и Илир Красничи од Косово, додека делегат ќе биде нашиот Ацо Николовски.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk