logo
logo
logo

Хорор, ужас: Роналдо во Јуве шутирал 72 слободни удари и постигнал само еден гол!

Vecer | 22.03.2021

Хорор, ужас: Роналдо во Јуве шутирал 72 слободни удари и постигнал само еден гол!

Можеби е најдобриот играч во Серија А за минатите две сезони, точно е дека е најдобриот стрелец во Јуве и во Серија А во минатите две сезони, но во еден сегмент кога станува збор за бројките на Кристијано Роналдо се хорор, се ужасни.

Имено како што пишува италијанскиот весник “Република“, Кристијано откако е во Јувентус шутирал дури 72 пати од слободен удар и постигнал само еден гол. И тоа минатата година на мечот против градскиот ривал, составот на Торино.

Навистина ако овие параметри се точни тогаш е време за узбуна во таборот на Јуве. Имено или треба да му се каже на Роналдо да престане да шутира или пак тренерот Андреа Пирло да му покаже како тоа се прави, барем сите се сеќаваат како тренерот на Јуве некогап ги изведуваше слободните удари. А тоа го правеше маестрално, перфектно.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk