logo
logo
logo

Холандија ја „реши“ Црна Гора, Русинките ги испратија Шпанките дома

Vecer | 02.08.2021

Холандија ја „реши“ Црна Гора, Русинките ги испратија Шпанките дома

Ракометарките на Црна Гора загубија од Холандија со 30:29, во меч во кој можеа да бидат и тотално декласирани, ако се знае дека во еден дел од мечот „лалињата“ имаа предност и од 9 гола. Со оглед на тоа што се очекува само последниот дуел меѓу Јапонија и Норвешка, Црна Гора, најверојатно во четвртфиналето за противник ќе ја има Русија.

Јованка Радичевиќ беше најефикасна со осум гола (четири од седум метри), Татјана Брновиќ и Јауковиќ постигнаа по пет за селекцијата на Црна Гора. Во составот на Холанѓанките, Ван Хајден со 5 и Бонт со 4 гола беа предводнички до новата победа.

Претходно во втората група, Русија ја победи Шпанија во клучниот меч за Шпанките со 34:31 и со тоа ги испрати дома. Шпанија заедно со Бразил остана без четвртфинале.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk