logo
logo
logo

Хитер е новиот тренер на Менхенгладбах - договор на две години и рекордна отштета

Vecer | 12.04.2021

Хитер е новиот тренер на Менхенгладбах - договор на две години и рекордна отштета

Според информациите на германски „Спорт Билд“ Борусија Менхенгладбах и тренерот Ади Хитер се договориле за двегодишна соработка со можност да биде продолжена на дополнителна една година. Хитер моментално е стратег на Ајнтрахт Франкфурт, а наводно популарните „Ждребиња“ се договориле со него и веќе по завршувањето на оваа сезона тој ќе го наследи Марко Розе кој ќе оди во Борусија Дортмунд.

Според информациите на „Билд“ ова ќе биде најголем трансфер на тренер во историјата на Бундес лигата. За неговата слобода Менхенгладбах ќе му плати на Ајнтрахт 7,5 милиони евра, а доколку Менш избори пласман во ЛШ тогаш ќе мора да плати 10 милиони евра.

Во моментов Ајнтрахт е многу поблиску до квалификации за ЛШ отколку Менхенгладбах. Инаку овие две екипи ќе се соочат меѓу себе идната недела.

Претходно Менхенгладбах се поврзуваше со Чаби Алонсон, но Шпанецот го продолжи договорот со „Б“ тимот на Сосиедад.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk