logo
logo
logo

Херојот Оршиќ: Ова е сон, си докажавме дека можеме да играме против најголемите

Vecer | 18.03.2021

Херојот Оршиќ: Ова е сон, си докажавме дека можеме да играме против најголемите

Мислав Оршиќ со три гола го потона Тотенхем и го однесе Динамо Загреб во четвртфиналето на Лигата на Европа. Фудбалерот кој е роден во Загреб, а кариерата ја почна во Интер Запрешиќ, ја продолжи во Специја, па Ријека, па потоа во корејските Чонам Драгонс, Улсан, а од 2018 година дојде во Динамо Загреб.

Сега го одигра мечот на кариерата. Три гола против Тотенхем и практично си поигруваше со скапите дефанзивци на лондонскиот тим.

Сите сме јунаци, натпреварот беше одличен од првата минута. Сите дишевме како еден. Меч за паметење. По првиот натпревар остана некоја горчина на устата, но чувствувавме дека можеме затоа што таму Тотенхем ништо не покажа. Во Загреб се ни одеше од рака. Контрите, полуконтрите кои ни недостасуваа во Лондон и секако реализацијата. Среќни сме што одиме понатаму“, изјави Оршиќ.

Ова е сон. Си докажавме дека можеме да играме на високо ниво против екипа како Тотенхем. Кој и да ни падне во следната фаза нема да ја имаме онаа кочница од Лондон. Мораме да останеме на земја, секој тренинг да го одработиме како што треба и да се надеваме на најдоброто“, кажа напаѓачот на Динамо.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk