logo
logo
logo

Херојот на Германците: Дресот на Роналдо? Денеска не му го побарав, оставете ме да уживам во победата!

Vecer | 19.06.2021

Херојот на Германците: Дресот на Роналдо? Денеска не му го побарав, оставете ме да уживам во победата!

 

Кој последен се смее најслатко се смее.

“Го прашав, `Кристијано, може ли да го добијам твојот дрес?`Не ме ни погледна, рече само `не`,. Поцрвенев од срам“ ова го напиша Робин Госенс во својата биографија, фудбалерот на Аталанта и членот на “панцерите“, случка која се случила по еден меч меѓу Јувентус и Аталанта.

Тоа е тој Робин Госенс, кој просто ја уништи селекцијата на Португалија денеска во Минхен, репрезентацијата на Кристијано Безброј центаршутеви, асистенции, стрелец на убав гол и затоа беше прогласен за играч на натпреварот Германија – Португалија 4:2.

На прашањето на новинарите после денешниот меч, Госенс одговори:

“Не, сега не го побарав дресот од Кристијано. Оставете ме да уживам во ова победа. На фановите на Аталанта само да им кажам дека ги сакам многу и дека ќе се видиме наскоро“ посочи херојот на Германија.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk