logo
logo
logo

Хендерсон опериран, најмалку еден месец надвор од терените

Vecer | 26.02.2021

Хендерсон опериран, најмалку еден месец надвор од терените

Капитенот на Ливерпул, Xордан Хендерсон, беше опериран по повредата на препоните здобиена за време на дербито со Евертон минатиот викенд.

Од клубот велат дека тој ќе паузира најмалку еден месец и веднаш ќе започне програма за рехабилитација. Хендерсон стана последниот играч на Ливерпул кој се здоби со повреди оваа сезона што го прави Клоп уште понервозен во пресрет на новите средби и очајната резултатска серија која ја има тимот.

„Хендерсон мина успешно низ оперативниот процес на препоните. Не се поставува одредена временска рамка за неговото враќање, но сепак, 30-годишниот играч е исклучен од првиот тим се додека не се заврши меѓународната пауза во март“, се вели во клупското соопштение.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk