logo
logo
logo

Хендави го врати во живот Е.Пелистер, Татабања повторно падна во Битола (ФОТО)

Vecer | 11.02.2021

Хендави го врати во живот Е.Пелистер, Татабања повторно падна во Битола (ФОТО)

Е.Пелистер ја доби и втората средба со Татабања во Европската лига, славеше со 21-24 за трета победа оваа сезона. Во центарот на вниманието беше новиот голман Хендави, кој средбата ја заврши со осум одбрани. Прв стрелец во редовите на битолскиот состав беше Стипе Мандалиниќ со девет погодоци.

Двата тима ги променија улогите, унгарскиот тим овој пат од стартот го наметна своето темпо, поведе со 6-2, истата позитива ја имаше во 19. минута (8-4). Битолчани се обидуваа да фатат чекор, но тешко им одеше, останаа без Кушан, кој беше изнесен со носилки и тоа во воведните минути на дуелот. На одморот Е.Пелистер намали на 11-9.

Избраниците на Жељко Бабиќ намалија на 13-12, но за кратко застанаа. Хендави влезе во ритам. Се играше гол за гол, но по новите грешки на домашните ракометари, Татабања успеа одново да дојде до позитива од плус два (19-17) која ја одржуваше до 50. минута. Со погодоците на Мараш и двапат погодоци на Мандалиниќ, Е.Пелистер поведе со 19-20.

Дуелот влезе во неизвесна завршница. Хендави со нова интервенција спречи противникот да израмни, а неговите момци преку Мараш за првпат имаа плус два, на минута и пол до крајот беше (20-23). Тука беше завршен и мечот, гостите немаа шанси да се вратат.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk