По синоќешниот пораз на домашен терен од Барселона од 2:3, Валенсија реши да му врачи отказно решение на досегашниот тренер Хави Гарсија.
И онака управата на клубот не беше најзадоволна од работата на Гарсија сезонава и ќе се ослободуваше од него на крајот на сезоната, барем такви беа најавите, сепак, синоќешниот пораз во кој Валенсија имаше водство па за петнаесетина минути прими три гола, очигледно ги забрза работите.
До крајот на сезоната Валенсија ќе биде предводена од Салвадор Гонзалес Воро, а ја чекаат дуели со Ваљадолид, Еибар, Севилја и Хуеска.
sportmedia.mk