logo
logo
logo

Хасани: Нема притисок, подготвени сме да дадеме максимум

Vecer | 23.03.2021

Хасани: Нема притисок, подготвени сме да дадеме максимум

Ферхан Хасани е повторно дел од националниот тим, и ќе конкурира за настап за натпреварите против Романија, Лихтенштајн и Германија.

Тој смета дека во националниот тим знае како да се носи со притисокот.

„Не верувам дека има притисок, затоа што ваквите натпревари не се ништо ново за оваа репрезентација. Тука имаме играчи кои играле под поголем притисок, и добро знаеме како се игра.  Треба да играме како што игравме претходно“, рече Хасани.

Тој додаде дека новите играчи добро се вклопуваат во националниот тим.

„Има некои играчи кои се нови, некои кои се враќаат, но сите сме подготвени да дадеме максимум“, рече Хасани.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk