logo
logo
logo

Халф на Тотенхем го обвини Покетино за повредите

Vecer | 28.02.2021

Халф на Тотенхем го обвини Покетино за повредите

Играчот од дефанзивниот ред на Тотенхем Танги Ндомбеле го обвини поранешниот тренер Маурицио Покетино за неговите постојани повреди. Французинот премина во Тотенхем во 2019 година од Лион, а немал добар однос со Покетино и поради честите повреди не играше. Оваа сезона под водство на Мурињо тој има 22 меча и три гола во Премиер лигата.

Ми беше многу тешко. Неколку пати зборував со пријатели од Франција и сакав да се вратам назад. Исцрпувачките тренинзи со сигурност беа една од причините за постојаните повреди. На моето тело му требаше време да заздрави, да се навикне на товарот“, сподели Ндомбеле.

На крајот на минатата сезона навистина сакав да го напуштам Тотенхем. Зборував со претседателот Даниел Леви и тој ми рече дека ќе морам да останам и дека ќе се залага за мене. Ми кажа дека проблемот е мојот инает. Се замислив и се мотивирам да покажам за што сум способен и дека можам да играм во првиот тим“, додаде играчот на Тотенхем.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk