logo
logo
logo

Халанд знае каде сака да игра, но Раиола му прави проблем

Vecer | 03.04.2021

Халанд знае каде сака да игра, но Раиола му прави проблем

Ерлинг Халанд на крајот на оваа сезона најверојатно ќе ја напушти Борусија Дортмунд. Норвешкиот фудбалер игра одлично во германскиот клуб откако во јануари минатата година. Стана еден од најдобрите напаѓачи во Европа, а за него се заинтересираа голем број на клубови.

Неговиот менаџер, Мино Раиола веќе направи неколку контакти, според досегашните информации ова лето ќе го напушти германскиот тим.

Барселона и Реал Мадрид се двете имиња кои го сакаат во своите редови, желбата на Халанд е Шпанија. АС пишува дека Халанд сака да го облече дресот на „кралевите“, но тоа не оди во прилог на Раиола, кој сака да извлече поголема сума на пари. Раководството на Реал порача да дека нема да троши многу пари, цената на Халанд е од 150 до 175 милиони евра.

Останува да видиме каква ќе биде неговата одлука и каде ќе заврши.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk