logo
logo
logo

Халанд стигна до 100 гола во 146 меча: Ни Мбапе, Меси, Роналдо, Златан не го можеле тоа

Vecer | 06.03.2021

Халанд стигна до 100 гола во 146 меча: Ни Мбапе, Меси, Роналдо, Златан не го можеле тоа

Ерлинг Халанд даде два гола за Борусија Дортмунд на гостувањето кај Баерн Минхен (пораз од 4:2) и со тоа одбележа јубилеј, поточно стана рекордер. 20-годишното норвешко „чудо од дете“ реализираше 100 гола во само 146 натпревари што е најдобар ефект од сите актуелни фудбалери.

На пример на ѕвездата на ПСЖ и францускиот фудбал Килијан Мбапе му беа потребни 180 натпревари за 100 гола, на Лео Меси до јубилејната 100-ка стигна по 210 натпревари, Кристијано Роналдо му требаа 301 меч, на Ибрахимовиќ 245 натпревари…

Халанд го нарекуваат идната ѕвезда на европскиот фудбал и се очекува тој заедно со Мбапе во наредните години да се борат за „Златната топка“. Халанд пред Борусија Дортмунд играше за Салцбург и за Молде.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk