logo
logo
logo

Халанд: Се уште сум далеку од Меси и Роналдо

Vecer | 23.03.2021

Халанд: Се уште сум далеку од Меси и Роналдо

Светската фудбалска сензација, Ерлинг Халанд одговори на прашање во врска со некои споредби во кои новинарите го споредуваат младиот напаѓач на Борусија (Д) со светските фудбалски ѕвезди Лионел Меси (Барселона) и Кристијано Роналдо (Јувентус).

„Новинарите пишуваат за ова, но јас се концентрирам на други работи. Сакам да растам со секој нов ден. Нема потреба да зборувам за Роналдо и Меси, тие се најдобри во историјата. Сè уште сум многу далеку од нив“, вели Норвежанецот.

За Халанд летово ќе се кршат копјата на најголемите европски тимови и прашање е кој ќе успее да го донесе во својот тим за следната сезона.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk