logo
logo
logo

Халанд му врати на Боно, фудбалерите на Севиља го бркаа по терен (ВИДЕО)

Vecer | 10.03.2021

Халанд му врати на Боно, фудбалерите на Севиља го бркаа по терен (ВИДЕО)

Феноменалниот норвешки фудбалер, Ерлинг Халанд одново постигна два гола против Севиља, токму тој беше најзаслужен што Борусија Дортмунд се најде во четвртфиналето во Лигата на шампиони.

Во центарот на вниманието се најде потегот на Халанд во 54. минута по изведувањето на вториот удар од белата точка. Тој од втора успеа да го совлада Боно, по што тргна кон него, доволно за да ги изнервира фудбалерите на Севиља, кои го бркаа по терен.

За ваквото однесување заработи жолт картон, по мечот ја објасни својата реакција.

„Промашив, а Боно ми се смееше. Кога повторно шутирав и погодив, немаше веќе насмевка. Кога ми дофрли нешто по првиот пенал, помислив дека ќе биде подобро да постигнам уште еден гол. Не знам што му кажав. Беа истите збори кој тој ми ги кажа, и навистина не знам што значат“, изјави Халанд.

На крајот на натпреварот и двајцата си подадоа рака.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk