logo
logo
logo

Гвардиола збесна: Ниту живеам, ниту спијам со Халанд…

Vecer | 13.08.2022

Гвардиола збесна: Ниту живеам, ниту спијам со Халанд…

Манчестер Сити добро ја почна новата сезона во Премиер лигата, новото мега засилување Ерлинг Халанд постигна два гола со што го привлече вниманието на новинарите кои се распрашуваат за него.

Во последното интервју, менаџерот на Сити Пеп Гвардиола беше прашан за психолошката состојба на играчот и дали може да се носи со предизвикот, а тој даде интересен одговор.

Не знам. Не живеам со Халанд, ниту спијам со него, па не можам да кажам како тој се носи со притисокот. Од она што го гледам на тренинзите, тој е смирен и воопшто не е возбуден за претстојните натпревари.

Знам дека кога тој нема да постигне гол, тогаш многу луѓе почнуваат да се сомневаат во него. Во тој момент им изгледа дека е крај на светот и дека се е отидено поѓаволите.

Најважно од се, во ваквите ситуации е да се остане мирен и да се најде баланс. Го охрабрувам да биде подобар голгетер од меч на меч. Кога ќе го свати овој начин на работа тогаш има шанси да стане најдобар голгетер на сите времиња“, вели Гвардиола.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk