logo
logo
logo

Гвардиола: Титулата во Премиер лигата е поважна од титула во Лигата на шампионите

Vecer | 07.05.2021

Гвардиола: Титулата во Премиер лигата е поважна од титула во Лигата на шампионите

„Граѓаните“ во сабота на свој терен играат против Челзи и со победа ќе ја освојат титулата во Премиер лигата што ќе биде нивна трета во последните четири години, а истиот ривал ќе го имаат и во финалето на Лигата на шампионите на 29 мај во Истанбул.

За тренерот на Сити, Пеп Гвардиола шампионскиот пехар од Премиер лигата е поважен од оној во ЛШ.

Секогаш зборувам дека титулата во Премиер лигата е најважна. Од финансиска гледна точка за клубот можеби е подобро да се освои Лигата на шампионите, меѓутоа нема дилеми што е поважно. Секако, трофејот од ЛШ е посебен, убаво е да се освои, но трофејот во Премиер лигата означува некаква константност“, вели Гвардиола на денешниот прес.

Имаме четири натпревари да освоиме два бода. Утре е првиот меч и ќе пробаме да ги решиме дилемите. Никој не мисли на финалето на ЛШ затоа што се уште не сме ја освоиле Премиер лигата. Кога ќе го осигураме трофејот, тогаш ќе се фокусираме на финалето. Затоа сум внимателен. Секако, овој меч е важен и за Челзи затоа што се уште го немаат осигурано местото во ЛШ идната сезона. Билетото за ЛШ можат да го освојат и преку финалето на ЛШ, но првенството за нив е посигурна опција“, додаде Шпанецот.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk