logo
logo
logo

Гвардиола: Претпазливо со Борусија, тие го победија мајсторот на елиминациската фаза

Vecer | 05.04.2021

Гвардиола: Претпазливо со Борусија, тие го победија мајсторот на елиминациската фаза

Манчестер Сити се среќава со Борусија Дортмунд во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Првиот меч е на „Етихад“ утре. „Ѓраѓаните“ се речиси сигурно нови шампиони во Премиер лигата, а во исто време во Бундес лигата Борусија е на седум бода од ЛШ.

Кога анализирам некој тим, не го гледам нивниот пласман на табелата. Ова е фудбалски натпревар кој започнува од 0:0. Ни престојат два меча и кој ќе одигра подобро продолжува понатаму. Кога бев во Берн, Дортмунд беше наш најголем ривал. Со нив водевме војна секоја сезона – прво со Јирген Клоп, а потоа со Томас Тухел. Дури два пати игравме во финалето на Купот“, изјави Гвардиола.

Борусија оваа сезона има проблеми со постојаноста, но ако ја анализирате индивидуалноста, јасно е дека секој играч таму е фантастичен: Хумелс, Џан, Мение, Дахуд, Халанд, Санчо, Азар, Ројс, Бранд… Нивните млади играчи од школата исто така се фантастични. Во претходната рунда ја победија Севиља, која генерално е мајстор во фаза на директни елиминации“, додаде шпанскиот стратег.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk