Гвардиола: Немаше пенал, Стерлинг му се извини на судијата (Видео)

" alt=

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, рекол дека УЕФА мора да направи нешто за да им помогне на судиите во Лигата на шампионите. Сити, синоќа, го декласира Шахтјор 6:0, а мечот го обележа комичниот пенал кој го досуди Виктор Кашаи.

„Тоа не беше пенал. Тоа е јасно, но во Лигата на шампионите не постои начин тоа што се случило на теренот веднаш да се провери. ВАР не постои и тоа е проблем. Судиите често прават вакви грешки. Минатата сезона ние бевме жртви на натпреварот со Ливепул.

По мечот се огласил и Стерлинг кој го изнуди пеналот.

„Не знам што се случи. Не почувствував никаков контакт, сакав да шутирам и едноставно паднав. Сакам да му се извинам на судијата“, рекол напаѓачот на Сити.

Инаку, Манчестер сити по четири кола има девет бода во Ф-групата. Лион е на второто место со шест бода, Хофенхајм има три, а Шахтјор два бода.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари