logo
logo
logo

Гвардиола: Клучот е во парите, ги имаме многу и купуваме екстра класа фудбалери

Vecer | 25.02.2021

Гвардиола: Клучот е во парите, ги имаме многу и купуваме екстра класа фудбалери

Тимот на Манчестер Сити во голема мера ја заврши работата во оваа фаза од Лигата на Шампионите, затоа што вчеравечер на гостувањето кај Борусија Менхенгладбах успеа да слави со 0:2, па реваншот многу веројатно за момците на Пеп Гвардиола ќе биде само формалност, рутина.

Самиот шпански стратег се обиде по мечот да објасни како тоа неговиот тим, успева така да доминира и да ја обезбеди 19. последователна победа во сите натпреварувања што е извонреден подвиг.

„Имаме многу пари за да купиме вонсериски играчи. Конкретно, Кансело многу напредуваше и сега зема многу повеќе одговорност во играта. Пресреќен сум поради неговите две асистенции во вториот дел“ – изјави Гвардиола по мечот со Гладбах.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk