logo
logo
logo

Гвардиола: Го гледавме Интер и знаеме со кого имаме работа

Vecer | 09.06.2023

Гвардиола: Го гледавме Интер и знаеме со кого имаме работа

Утре во Истанбул во финалето на ЛШ ќе играат Манчестер Сити и Интер. Тренерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола вели дека е спремен за Интер затоа што го гледал, анализирал и знае што треба да направи.

Сити ќе атакува на единствениот трофеј што му недостасува во витрините. Пеп е свесен со кого игра, дека Интер е подобар од Сити кога се гледа историјата, меѓутоа историјата не се гледа.

Знаеме колку е важно ова натпреварување. Не можам да контролирам што мислат луѓето за нас, само се фокусирам на тоа што треба да го направам. Го гледав Интер и знам што треба да правиме. На крај, ова е фудбал. Тимот кој ќе одигра подобро во 95 минути ќе победи. Низ историјата Интер е поголем тим од нас, но тоа не е важно. Важното е утре во Истанбул да одиграме најдобро што можеме“, изјави Гвардиола.

Пред две сезони, планиравме да одиграме добар меч со Челси и тоа не ни успеа, па луѓето ќе речеат одлуките беа погрешни. За утре имам план и ги споделив идеите со играчите. Ако оствариме успех ќе бидеме добри. Подготвени сме, играчите ќе дадат сè и ќе го почитуваат противникот“, вели Шпанецот.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk