logo
logo
logo

Гут-Бехрами со двоен триумф во Вал ди Фаса и до својата 32. победа во Светскиот куп

Vecer | 27.02.2021

Гут-Бехрами со двоен триумф во Вал ди Фаса и до својата 32. победа во Светскиот куп

Швајцарката Лара Гут-Бехрами повторно триумфираше во спустот во италијанскиот зимски центар Вал ди Фаса. Вчера Швајцарката победи во спустот, денеска повторно победи во спуст што означи нејзин двоен триумф и нејзина шеста победа сезонава односно вкупно 32. во Светскиот куп.

Денеска на второто место се пласираа нејзината сонародничка Корин Зутер, а трета беше Кира Видле од Германија.

Утре на програмата во Вал ди Фаса е супервелеслаломот, а потоа натпреварите продолжуваат во словенечка Јасна на 6 и 7 март.

Гут-Бехрами води во генералниот пласман со 1147 бодови, зад неа е Петра Влхова со 1040 бодови.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk