Турскиот репрезентативец Илкај Гундоган пристигна на аеродромот во Истанбул. Многу новинари беа околу него обидувајќи се да дознаат дали тој ќе заигра во турската Суперлига и за кој клуб. Се споменуваа Фенербахче и Галатасарај, а фудбалерот на Барселона ги олади новинарите.
„Можеби еден ден ќе заиграм во турската Супер лига, но не ова лето“, изјави Гундоган.
Со тоа порача дека не е во Истанбул за да преговара со клубови туку да ги искористи слободните денови што му ги дал Ханси Флик да се прошета во Истанбул, се зборува и да сними музички спот за време на престојот.
🚨🚨🎙️ ILKAY GÜNDOĞAN :
“Mon transfert en Süper Lig n’aura pas lieu cet été.” pic.twitter.com/B6ktBd3pnK
— Actu Foot Turquie 🇹🇷 (@ActuFootTurquie) August 8, 2024