logo
logo
logo

Гуџуфи заврши со Беласица, оваа недела патува во Истанбул на финални преговори со Бешикташ!

Vecer | 09.05.2021

Гуџуфи заврши со Беласица, оваа недела патува во Истанбул на финални преговори со Бешикташ!

Се чини дека е готово. Имено екстра талентираниот фудбалер на Беласица, Бесар Гуџуфи, кој на 29 мај ќе полни 17 години, е пред промоција во турскиот гигант, тимот на Бешикташ. Како што дознава СПОРТМЕДИА, Гуџуфи следната недела ќе патува во Истанбул на финални преговори со првите луѓе на Бешикташ, поточно да се договорат само ситните детали. Потоа се разбира ќе следува и официјална промоција.

Навистина ова ќе биде голем трансфер за ФК Беласица, за луѓето што го водат клубот и пред се за младиот офанзивен напаѓач Бесар Гуџуфи.

Да се потпише за еден Бешикташ со неполни 17 години секако дека е голема работа.

Инаку Гуџуфи денеска на соседското дерби против Академија Пандев не беше во составот на Беласица, причината е јасна, не смееше да се ризикува со евентуална повреда и така да се расипе трансферот.

Тој дојде пред мечот во клубот, се поздрави со своите клупски другари, со сите во клубот и им посака многу среќа во иднина.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk