logo
logo
logo

ГРУПА Ц: Австријците првпат во осминафинале, Украинците на „чекање“

Vecer | 21.06.2021

ГРУПА Ц: Австријците првпат во осминафинале, Украинците на „чекање“

ФОТО: Официјален Твитер профил на УЕФА ЕУРО 2020

Холандија е прва во групата Ц со три победи и максимални 9 бода. Второто место го освои Австрија која денеска ја совлада селекцијата на Украина со 1:0 со гол на Баумгартнер во 21. минута.

Овој резултат ги испрати Австријците на второто место со четири бода, додека Украина остана на третата позиција со три бода освоени против Македонија.Украина има гол разлика 4:5 (-1) и ќе чека за пласман во наредната рунда. За нив е потребно да се најдам меѓу најдобрите третопласирани репрезентации, а тоа ќе биде познато по одигрувањето на 3. коло во сите групи.

Македонскиот национален тим го заврши дебитантскиот настап без бодови.

Ако две или повеќе репрезентации се изедначени бодовно, патникот се одредува на следниот редослед: подобра гол-разлика, потоа постигнати голови, број на победи, број на дисциплински поени (помалку жолти картони) и на крај севкупниот ранкинг на селекцијата на ЕУРО 2020.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk