logo
logo
logo

ГРУПА Б: Белгија 100%, Данска e осминафиналист, Русија испадна, Финска во „чекална“

Vecer | 21.06.2021

ГРУПА Б: Белгија 100%, Данска e осминафиналист, Русија испадна, Финска во „чекална“

Разврска и во групата Б. Белгија ја совлада Финска со 2:0 во 3. коло и го освои првото место на табелата со гол разлика 7:1. Во осминафинале патува и селекцијата на Данска која вечерва со 4:1 ја совлада Русија и собра само три бода. Всушност Данска, Финска и Русија имаат по три бода, но Данците и најдобра гол разлика 5:4 со што го освоија второто место и одат во осминафиналето.

Финците кои се дебитанти се третопласирани (гол разлика 1:3) и се на чекање на останатите резултати за да видат дали ќе се пласираат во нокаут фазата, а Русите се последни со очајна гол-разлика 2:7.

Белгијците ја победија Финска со автогол на Храдецки и погодок на Лукаку во второто полувреме. Данците брилјираа на „Паркен“. Голови постигнаа Дамсгард, Поулсен, Кристенсен и Меле. За Русите погоди Ѕјуба од пенал со што го изедначи рускиот рекорд за најдобар стрелец, сега со Кержаков имаат по 30 голови.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk