Лига на шампиони

Грубишиќ МВП, Гулден најдобар стрелец

Голманката на ЧСМ Букурешт, Јелена Грубишиќ, го доби МВП признанието на Ф4 турнирот во Лигата на шампионите во будимпешта. Хрватската ракометарка беше клучлен играч на романскиот тим во победата против ЖРК Вардар што им донесе пласман во големото финале.

Грубишиќ на овој меч запиша дури 19 одбрани. Хрватската голманка беше и една од клучните играчи на ЧСМ Букурешт и во големото финале против Ѓер во кое новиот европски шампион славеше со 29:26 по две продолженија и по изведувањето на седмерци, а Грубишиќ заврши со 13 одбрани.

Наградата за најдобар стрелец во Лигата на шампионите исто така заврши кај ракометарка од составот на европски шампион,ЧСМ Букурешт. Најдобар стрелец во ЛШ сезонава е Изабел Гулден со вкупно 107 гола, а финалето беше нејзиниот најдобар меч со 15 гола.

Поврзани

Најнови вести

Коментари