logo
logo
logo

Гринвуд и Јунајтед одржаа состанок и ова е епилогот

Vecer | 31.03.2023

Гринвуд и Јунајтед одржаа состанок и ова е епилогот

Мејсон Гринвуд и раководството на Манчестер Јунајтед одржаа долги разговори во кои двете страни сосема јасно ги кажаа своите позиции. Според Дејли Мејл, играчот кој има договор со клубот до 2025 година, изразил желба што поскоро да се врати во тимот. Сепак, клупските шефови му дадоа до знаење дека тоа не може да се случи оваа сезона, бидејќи внатрешната истрага што клубот ја започна откако обвинителството изненадувачки ги отфрли сите обвиненија против Гринвуд на почетокот на февруари, мора прво да заврши. Истрагата за која станува збор не може да заврши пред летото, па во најдобар случај 21-годишниот напаѓач би можел да се врати за следната сезона.

Според Дејли Мејл, клубот е поделен околу можното враќање на Гринвуд во тимот. Спортско техничкото раководство смета дека на талентот треба да му се даде втора шанса, но во комерцијалниот дел се на мислење дека тоа ќе го наруши угледот на клубот. Спонзорите го отфрлија Гринвуд кога првично беа изнесени обвинувањата, а дресот со неговиот број беше целосно повлечен од продажба.

Гринвуд продолжува да ја добива својата плата од 70.000 фунти неделно. До крајот на договорот тој треба да инкасира уште осум милиони фунти и доколку клубот одлучи да го отпушти, најверојатно ќе треба да му ја плати целата сума. Од клубот моментално одбиваат да коментираат било што. Сепак, речиси е сигурно дека внатрешната истрага најверојатно нема да заврши со одлука дека Гринвуд е целосно невин за наводите за физичко малтретирање против неговата девојка Хариет Робсон. Двојката повторно е заедно, па дури и чекаат дете, а на сите им е јасно дека токму тој развој доведе до отфрлање на обвиненијата против Гринвуд, бидејќи неговата девојка, која беше клучниот сведок во случајот, се повлече.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk