Урош Ѓуриќ, првиот голман на Струга Трим Лум, барем тоа беше до пред неколку дена, нема да биде во составот на стружани на денешниот дуел со Вардар кој почнува за нешто повеќе од еден час. Неговиот катастрофален кикс на мечот со Пелистер во средата, кога во 92.минута му подари победа на тимот од Битола, го чини скапо. Па тако тој е пратен малку на “ладење“ што се вели, и прашање е кога одново ќе добие шанса да застане на голот на Струга Трим Лум.

И со право стружани, пред се стручниот штаб на тимот, не смета на Србинот на денешниот меч со Вардар. Само да се потсетиме како во есенскиот дел во Струга против Вардар, токму Ѓуриќ во 95.минута при резултат 2:1 за неговиот тим прими пацерски гол и фрли во бунар два голема бода на својот тим.

Кога ќе се анализираат сите негови киксови оваа сезона, се доаѓа до заклучок дека ако Струга Трим Лум не избори пласман во Европа, еден од главните виновници ќе биде токму Ѓуриќ.

Да споменеме дека денеска против Вардар на голот на Струга Трим Лум најверојатно ќе биде искусниот Раиф Мирселовски.

 

sportmedia.mk