logo
logo
logo

Гранеруд го „грабна“ Големиот кристален глобус, за Гајгер Малиот кристален глобус

Vecer | 28.03.2021

Гранеруд го „грабна“ Големиот кристален глобус, за Гајгер Малиот кристален глобус

Норвежанецот Халвор Егнер Гранеруд е севкупен победник во ски-скоковите за сезоната 2020/21. Норвешкиот ас уште пред финалните скокови на Планица беше победник, а се чекаше само конечното бодовно салдо и приемот на Големиот кристален глобус.

Инаку во финалето на Светскиот куп во словенечка Планица победи светскиот шампион Крал Гајгер со што го освои Малиот кристален глобус. Тој денеска беше незапирлив на скокалницата со скокови од 231 и 232,5 метри и освоени 459,3 поени.

Во генералниот пласман Гранеруд освои 1572 поени, пред Маркус Ајзенбихлер со 1190 поени, а трет заврши Камил Стох со 955 бодови.

Во трката по малиот глобус (за скијачки летови) триумф на Гајгер, втор е Кобајаши, а трет Ајзенбихлер.

Да потсетиме дека освојувачот на Четирите скокалници оваа сезона е Камил Стох, а на Светското првенство триумфираше Карл Гајтер.

Во тимска конкуренција Големиот кристален глобус и припадна на Норвешка пред Полска и Германија.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk