logo
logo
logo

Гранада е седмиот различен шпански клуб кој стигнува до четвртфинале на ЛЕ

Vecer | 18.03.2021

Гранада е седмиот различен шпански клуб кој стигнува до четвртфинале на ЛЕ

Екипата на Гранада се пласираше во четвртфиналето на Лига Европа со што ја продолжи шпанската доминација во ова натпреварување. Шпанија осма сезона по ред ќе има претставник(ци) во четвртфиналето на второто по квалитет европско клупско натпреварување. Тоа е најдобрата серија на една држава во оваа фаза на ЛЕ. На Гранада вечерва може да им се придружи и Виљареал кој има убава предност во дуелот со Динамо Киев.

Што се однесува до Гранада, ова е седмата различна шпанска екипа која обезбедува место во четвртфиналето на ЛЕ по ребрендирањето на натпреварувањето во 2009 година. Досега тоа го направија Атлетико, Валенсија, Виљареал, Севиља, Атлетик Билбао и Селта. Единствено не успеаја Леванте, Бетис и Хетафе.

Да потсетиме дека од таа година па до сега Атлетико Мадрид двапати, Севиља четири пати го освојуваа трофејот.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk