logo
logo
logo

„Граѓаните“ се истурија на Саутемптон - го победија 5:2

Vecer | 10.03.2021

„Граѓаните“ се истурија на Саутемптон - го победија 5:2

Екипата на Манчестер Сити бргу го заборави поразот од Манчестер Јунајтед и им се врати на победите. Вечерва на „Итихад“ беше совладан Саутемптон со 5:2 во рамките на Премиер лигата со што се зацврстија на чело на табелата со 68 бодови.

Во првото полувреме Де Брујн, Марез и Гундоган направија предност од 3:1 (Ворд-Провс во 25 минута погоди од пенал за 1:1).

Во вториот дел Марез зголеми на 4:1, па Адам намали на 4:2, за само три минути подоцна Де Брујн со својот втор гол на мечот да ги постави конечните 5:2.

Саутемптон го запиша 13-тиот пораз во Премиер лигата. За Сити ова е 21. победа.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk